• Photo: Maksym Kudymets
    Добредојдовте во фотопроектот, што ја раскажува најновата историја на Украина. Оваа историја го опфаќа периодот од започнувањето на Револуцијата на Достоинството во ноември 2013 година, до денес.
  • Украинската државност е стара над илјада години – Украинците ја сметаат, започнувајќи од Киевската Рус. Во текот на многу векови, украинците се бореле за своја независна држава, започнувајќи војни и кревајќи востанија, кога помоќните соседни држави ја зафаќале нашата земја.
  • Photo: H. Pshenychny Central State CinePhotoPhono Archive of Ukraine
    Од почетокот на XVII век Московија доби манијакална идеја на било каков начин да ги тргне украинците од Европскиот простор и да ги спои со својата империја. Тоа им успеваше дури три века, сѐ до паѓањето на последната империја на Московитите – Советска.
  • Photo: Yurko Dyachyshyn
    Од 1991 година, откако Украина се здоби со самостојна држава, украинците се трудеја да се вратат во европскиот свет, надминувајќи ги проблемите на пост-советската економија и пасивноста на пост-советските бирократи.
Intro
  • Photo: AP
    Во 2011 година тогашниот Претседател на Украина - Виктор Јанукович, даде поддршка за европскиот избор на украинскиот народ и спремност за интеграција во европските структури. Од големо значење за европската иднина на Украина беше потпишувањето на Спогодбата за Асоцијација со Европската Унија, што се спремаше од 2007 година. Интеграцијата во ЕУ ја поддржуваше поголемиот дел од украинците. Единствена држава што пројави незадоволство по повод европскиот избор на украинците и прогласениот вектор на надворешна политика, беше Руската Федерација.
  • Photo: Sergei Karpukhin, REUTERS
    Русија почна со притисок врз тогашното раководство на Украина, со цел да го оневозможи потпишувањето на Спогодбата за Асоцијација на Украина со ЕУ. Претседателот на РФ, Владимир Путин се обидуваше со уцени и подмитување да го натера Виктор Јанукович да се откаже од европската иднина на Украина. Причината е тоа, што од XVII век русите ја третираат Украина како зона на нивните геополитички интереси, нарекувајќи ги своите империалистички амбиции „рускиј мир“ („свет на русите“). Во текот на ХХ век руската власт повеќе пати ги покажуваше своите лоши намери во однос на Украина: уништување на Украинската Народна Република во 1920 година, вештачки Глад во 1932-1933 година, што уништи повеќе од 6 милиони, „Масакрирана Преродба“ во 1936-1938 година.
  • Photo: Sergei Grits, AP
    Во ноември 2013 година, неколку дена пред датумот на потпишувањето на Спогодбата за Асоцијација со ЕУ, Јанукович се предаде на влијанието на Русија и прогласи одлагање на потпишувањето. Оваа одлука предизвика незадоволство кај граѓаните – украинците го разбраа овој чекор како измама. На ист начин и европските држави ја сватија одлуката на Јанукович
  • Photo: Ryan Anderson/Flickr/Creative Commons
    На 21 ноември 2013 година, прво во Киев, а потоа и во сите други поголеми градови на Украина, почнаа митинзи кои добија име „Евромајдан“. Името потекнува од името на главниот плоштад во Киев – Мајдан на Независноста, каде што претходно се одвивале „Револуција врз гранитот“, што ја почна борбата на украинците за независност во 1990 година и успешно заврши со прогласување на Независноста во 1991 година, и „Портокалова Револуција“ во 2004 година, што спречи фалсификација на претседателските избори од страна на Виктор Јанукович.
  • Photo: Oleksandr Piliugin
    Државјаните на Украина излегуваа на улиците и плоштадите со единствено барање до Претседателот – да ја потпише Спогодбата за Асоцијација со ЕУ на 29 ноември, во текот на самитот „Украина-ЕУ“, како што планираше претходно.
  • Photo: Konstantin Chernichkin
    Водечка сила на протестот беа младите украинци и интелектуалци – студенти, новинари, професори, водители, уметници. На тие митинзи доаѓаа луѓе од сите градови и социјални видови, движењето за Украина како дел од Европа стана национално.
  • Photo: Petro Zadorozhnyy
    Земајќи ја предвид ситуацијата во власта – корупција, покривање на злосторствата од страна на „кумови“, во владата – потпишувањето на Спогодбата за Асоцијација државјаните на Украина го сваќаа како шанса за промена на ситуацијата.
  • Photo: AFP/tsn.ua
    Ноќта помеѓу 29 на 30 ноември,специјалните полициски единици жестоко ја нападнаа мирната акција на студентите на Мајдан за Независноста во Киев.
  • Photo: REUTERS
    Како резултат на незаконска примена на сила, десетици лица завршија во болница. Полицијата цела ноќ ги приведуваше луѓето кои беа присутни низ центарот на градот и ги носеше во полициските управи.
  • Photo: Sergei Chuzavkov, AP
    Сличен пристап за прекинување на јавните акции многу години се практикува во Русија. Меѓутоа, ова беше прв ваков случај во Украина, затоа тој веднаш го радикализира општеството.
  • Photo: Volodymyr Shuvayev, AFP
    Неколку месеци покасно на интернет, во социјалните мрежи, на страниците што им припаѓаат на руските војници и полицајци, украинците започнаа да наоѓаат слики, каде што русите се облечени во форма на украинската полиција и специјалните полициски формирања.
  • Photo: Maks Trebuhov
    Повредените луѓе, кои ги бркаше полиција, се криеа во Михајловскиот манастир на Украинската православна црква, што се наоѓа во близина на Мајдан. Црквата им даде можност на луѓето да добијат медицинска помош и да одморат.
  • Photo: Mstyslav Chernov
    Вечерта на 30 ноември на плоштадот пред манастирот се собра митинг од 25 000 лица, незадоволни од дејствијата на власта.
  • Photo: Lazlo Belichay, EPA
    На територијата на манастирот почна да се формира центарот на протестот. Обичните луѓе од Киев, што имаа желба да помогнат, почнаа да носат во манастирот топла облека, храна и пари.
Ноември
  • Photo: Kostiantyn Chernichkin
    На 1 декември 2013 година повеќе од 1 милион украинци излегоа во Киев на „Марш на протестот“ со барање до власта да се казнат виновниците, што ги тепаа студентите, и Украина да се врати на пат на интеграција со Европа. Истовремено такви акции имаше во десетици други градови на Украина.
  • Photo: Natalia Kravchuk
    Со тие собири луѓето бараа отставка на Владата, казна за министерот на внатрешни работи Виталиј Захарченко и директните вршители на злосторството. Овој и наредните собири, каде што луѓето колективно носеа одлуки во однос на барањата, што треба да и се наложат на власта, почнаа да ги нарекуваат со старорускиот збор „виче“.
  • Photo: Maksym Balandiukh
    Светот посвети внимание кон украинскиот протест, а главните јавни сервиси за информирање раскажаа вести за истепаните студенти и „Маршот на милионот“ во Киев.
  • Photo: Sergei Chuzavkov, AP
    Путин продолжува да го убедува Јанукович, дека баш така треба да се реагира на народното незадоволство, му нуди кредит од 3 милијарди долари и други економски преференции. Русија не сака да признае дека секој ден се повеќе украинци се против марионетата Јанукович.
  • Photo: GLEB GARANICH, REUTERS
    На 1 декември во Киев на Мајданот почнува изградба на шаторското градче. Прогласен е почетокот на мирниот протест, кој требаше да трае сѐ до исполнување на барањата на Евромајдан.
  • Photo: Sergey Supinsky, AFP
    На Мајданот на Независноста се појавуваат шатори, кујни, сцена, пунктови за информирање, медицински пунктови, тоалети, обезбедување и отворениот универзитет на Мајдан. Сето ова се појавува спонтано, благодарение на самоорганизираните луѓе, без наредба од „горе“ или од било каде.
  • Photo: Markiyan Matsekh
    Слични протести почнаа и во многу други градови во Украина. Во десетици населби луѓето градаеа шаторски градчиња, организираа редовни митинзи и собираа облека и храна за да го поддржат главниот Мајдан во Киев. Во повеќе држави во светот се одвиваа културни акции на поддршка на Мајданот во Киев.
  • Photo: Volodymyr Shuvayev, AFP
    Претседателот Виктор Јанукович ги отфрла сите барања и се откажува од диалог со луѓето кои протестираат. Без оглед на јавната обврска да се почитува правото на мирен протест, вечерта помеѓу 10 и 11 декември, власта прави обид да го уништи шаторското градче во центарот на Киев.
  • Photo: Maksym Balandiukh
    Против протестантите се силите на специјалните единици и полицајците. Меѓутоа, илјадници луѓе излегоа на од -10°С и дојдоа во центарот на Киев да го бранат Мајдан.
  • Photo: Mykhaylo Petiakh
    Наредното утро протестантите почнаа да бараат отставка на Јанукович.
  • Photo: Brendan Hoffman, Getty images
    Евромајдан ја преживеа таа ноќ и стана територија на слободата во Украина, каде што претседателот Јанукович и неговата екипа сакаа да ги наметнат своите „правила“. Од тој ден, центарот на Киев наликуваше на Запорочска Сич – местото, каде што живееа казаци, слободни и горди луѓе.
  • Photo: Petro Zadorozhnyy
    Однесувањето на власта према државјаните само ги поттикнува останатите да им се придружат на протестантите на Евромајдан. Десетици илјади волонтери почнаа да го поддржуваат Евромајдан, собирајќи за таа цел лекови, топла облека, храна и парични средства.
  • Photo: Vladyslav Musienko
    Со цел да се дискридитира народниот протест,власта почнува со организација на акции против Мајдан. На така наречен „Антимајдан“ со сила ги носат државните службеници, уценувајќи ги со отпуштање од работа.
Декември
  • Photo: YURI KOCHETKOV, EPA
    Откако Виктор Јанукович ја изгуби поддршката на украинците и сојузниците во Европа, почна активно да се зближува со Русија. Согласно руското сценарио, во Украина започнаа закани за демократските слободи.
  • Photo: Maks LEVIN, LB
    16 јануари 2014 година беше клучниот ден.Верховна Рада (Украинскиот Парламент) незаконски прима закони, кои суштински ја ограничуваа слободата на говор, митинзи, дејноста на јавни организации. Пратениците фактички одлучија да забранат било каква опозиција, било каков вид на искажување на алтернативното мислење. Се воведуваше цензура на интернетот, потребна би била лична карта за да се купи СИМ картичка.
  • Photo: ZN.UA
    Овие „закони на диктатура“ беа примени благодарение на пропретседателското мнозинство во Парламентот – „Партија на Регионите“ и Комунистичката партија. Повеќето пратеници, што гласаа за овие закони, не ги имаа прочитано.
  • Photo: Kudymets Maksym
    Во Украина почнуваат да ги киднапираат,тепаат и масакрираат јавните активисти. Во Киев со автобуси носат се повеќе криминалци, кои почнуваат терор на улиците – горат автомобили, тепаат луѓе, ги уценуваат митингарите од Мајдан. За заштита од овие банди луѓето организираат задруги на доброволци, најпознатата од нив е „Автомајдан“ – за заштита на градот од криминалот, наметнат од страна на власта.
  • Photo: GURNIAK VIKTOR, LUFA
    Украинците не се согласуваат да се откажат од демократските слободи и креваат ново востание против тиранијата. На улицата Грушевскиј во Киев, што се наоѓа на патот кон зградите на Владата и Парламентот, се случува судир на митингарите со полицијата. Полицијата користи муниција, експлозиви и бронирани технички средства.
  • Photo: Trebukhov Maksym
    На страна на полицијата тајно, незаконски примаат учество специалци од Русија. Митингарите, што паѓаат во рацете на специалците, доживуваат физички и психички малтретирања, полицајците ги тепаат и секако ги понижуваат, ги соблекуваат и ги сликаат голи на снегот.
  • Photo: Ratushniak Oleksandr
    Неколку лица погинаа, стотици добија тешки повреди поради незаконските дејствија на полицијата. Истовремено со конфликтот на улиците, власта организира убиства и киднапирање на повредените лица од болниците.
  • Photo: Kudymets Maksym
    После неколку дена власта се повлекува. Евромајдан останува на свое место сѐ до исполнување на своите барања.
Jануари
  • Photo: Maks Levin
    На 18 февруари 2014 година учесниците на протестот организираа мирна демонстрација под ѕидовите на Парламентот со барање да се укинат „диктаторските закони“. Власта се откажува да ги ислуша луѓето.
  • Photo: Vladyslav Musienko
    Прекршувајќи го ветувањето за безбедност на протестантите, власта праќа неколку стотици специалци за да го нападнат мирниот митинг. Со овој напад почнуваат најкрвавите денови на Евромајдан.
  • Photo: REUTERS, Stringer
    Власта користи бронирана техника, снајпери и криминалци со муниција за штурм на Мајданот.
  • Photo: Alexander Sherbakov, AP
    Повеќе од сто лица погинуваат, илјадници добиваат тешки повреди.
  • Photo: Yurko Dyachyshyn
    Крвавиот штурм на Мајданот ги вознемирува украинците од сите градови. Народот разбира дека власта воопшто нема намера да се грижи за иднината на државата, бидејќи по секоја цена сака да го зачува своето влијание.
  • Photo: Yurko Dyachyshyn
    Игнорирањето на барањата на протестантите доведува до зафаќање на владините згради во општинските центри.
  • Photo: Palamarchuk Pavlo
    Полицијата, која до овој момент е на страна на власта, ги напушта своите управи и се повлекува. Цо цел да се заштитат од бандите, граѓаните формираат јавни задруги на доброволци, кои патролираат по улиците.
  • Photo: YouTube screenshots
    Претседателот Јанукович целосно го губи влијанието врз ситуацијата во главниот град, во западните, централните и јужните општини на Украина.Ноќта на 21 спроти 22 февруари 2014 година, Виктор Јанукович го напушта Киев и заминува за Харков, каде што со помош на Русија прави обид да организира одделување на источните општини од Украина.
  • Photo: Konstantin Chernichkin, REUTERS
    Меѓутоа, планот на Јанукович за поделба на Украина трпи пораз. Јанукович и поголемиот дел од неговата влада го собираат украденото и бегаат во Русија.
  • Photo: Yurko Dyachyshyn
    Послепобегнувањето во Русија на раководството на државата, украинците дознаваат многубројни факти на злосторства и корупција во власта. Јавноста добива пристап кон приватната резиденција на Јанукович, главниот Јавен обвинител на Украина и други државни службеници, кои, согласно официјалната информација, живееле само од платата и немале бизнис ниту друг начин да ги заработат тие богатства.
  • Photo: Brendan Hoffman, Europress
    Согласно пресметките на Јавното обвинителство на Украина, Виктор Јанукович имал украдено од државниот буџет повеќе од 100 милијарди долари.
  • Photo: Lazlo Beliczay, EPA
    Украина плаќа многу висока цена за ослободувањето од диктатурата и за својот цивилизиран избор – да биде дел од Европа.
  • Photo: Baz Ratner, Reuters
    За време на протестите, почнувајќи од ноември 2013 година па се до февруари 2014 година, периодот, кој го нарековме „Револуција на Достоинството“ погинуваат повеќе од 100 лица. Освен украинци, жртви на режимот стануваат белоруси, ерменци и грузијци.
  • Photo: Vladyslav Musienko
    На нивна чест е основан мемориал на маченици за Украинската Независност, наречени „Небесна стотина“.
  • Photo: Yurko Dyachyshyn
    Веднаш по рушењето на режимот на Јанукович почнува обновувањето на мирниот живот и се превземаат мерки за стабилизација на економијата. Клучен момент во овој процес станува претседателските избори на 25 мај 2014 година, кои и даваат на Украина нов легитимен Претседател.
  • Photo: Vladyslav Musienko
    Додека во главниот град се обновува работата на полицијата, нејзините обврски ги врши „Народната одбрана на Мајданот“. Оваа задруга ги зема под своја контрола зградите на министерствата, Парламентот, амбасадите на другите држави.
  • Photo: Volodymyr Hontar, UNIAN
    Новата влада веднаш го обновува курсот на интеграција во Европа.
Февруари
  • Photo: Ivan Sekretarev, AP
    Кога станува јасно, дека обидот да се потплати новата украинска власт доживува пораз, и новата влада го држи курсот за Европа, раководството на Русија врши директна воена агресија.
  • Photo: Sean Gallup, GETTY
    Користејќи ги сопствените воени сили, што во составот на Црноморскиот флот се лоцирани во Крим, Русија ги зафаќа зградите на државните органи, украински воени објекти и важните украински инфраструктурни објекти. Црноморскиот флот Русија го доби после распаѓањето на СССР. Неговото лоцирање во Крим во текот на ограничен период е предвидено со меѓудржавен договор.
  • Photo: ANTON PEDKO, EPA
    Со својата воена агресија Русија ги прекршува сите меѓународни договори, во кои ја има признаено независноста на Украина и ја гарантира целоста на украинските граници. Еден од нив е „Будимпештскиот меморандум“, потпишан во 1994 година. Меѓутоа, ова е само почеток од „играта“ на Путин.
  • Photo: VIKTOR DRACHEV, AFP
    Во автономната Република Крим, што е неодделлив дел од Украина, руските воени сили и самопрогласената влада организираат „референдум“ за спојување со Русија. Наредниот ден Русија ги признава резултатите на референдумот и во Кремљ спроведува свечено „примање на новите земји“ во Советски стил.
  • Photo: Ivan Sekretarev, AP
    Веднаш во Крим почнува да се врши притисок врз украинците и киримли (кримски татари) од страна на окупаторската влада. Патриотите ги уценуваат и киднапираат, некои од украдените лица се пронајдени мртви.
  • Photo: Sergei Grits, AP
    Меѓународната јавност ги осудува дејствијата на Русија и воведува економски санкции. Генералната Асамблеа ООН со 100 гласови „за“ признава дека Крим е дел од Украина. „Против“ гласаат само „духовните браќа“ на русите – Ерменија, Белорусија, Боливија, Куба, КНДР, Никарагуа, Судан, Сирија, Зимбабве, Венецуела.
  • Photo: Artur Shvarts, EPA
    После зафаќање на Крим на полуостровот почнува напаѓање на правата на кримско- татарскиот народ, кој не ја признава окупацијата, бидејќи Русија со ова по втор пат во последните сто години им ја одзема татковината. (Претходниот диктатор, кој им го одзеде Крим на киримли и ги пресели во Средна Азија, беше Јосиф Сталин).
  • Photo: Alexander Polegenko, AP Photo
    Во Крим продолжуваат киднапирања и убиства по национален мотив или во врска со јавно искажување на својот опозиционен став. Сѐ повеќе се практикуваат незаконски пребарувања, незаконски апсења на луѓе - членови на муслиманските религиозни организации. На киримли им забрануваат организација на мемориални денови во чест годишнината на депортација, а покасно, дозволуваат, дејството да се одвива со полициска контрола и воена техника.
  • Photo: Reuters, stringer
    Лидерите на кримските татари – Мустафа Џемиљов и Рефат Чубаров – добиваат забрана за влез во Крим од страна на руската влада. Во Симферопол е блокирана дејноста на Меџлисот на кримскотатарскиот народ.
  • Photo: Lyseyko Markiyan
    Првата последица на окупацијата е напуштање на Крим од страна на десетици илјади жители.
Mарт
  • Photo: REUTERS
    После окупацијата на Крим руската влада прави обид да ја дестабилизира ситуацијата во континентална Украина и да одвои од нејзината територија уште 8 општини – што се 1/3 од вкупната територија на земјата.
  • Photo: YANNIS BEHRAKIS, REUTERS
    Пролетта 2014 година руските диверзантиотворено почнуваат „работа“ на Југот и Истокот на Украина.
  • Photo: Roman PELIPEY, EPA
    За постигнување на целта тие ангажираат сиромашни и необразовани луѓе, со кои е полесно да се манипулира. Им ветуваат подобар живот и високи должности во новата „држава“.
  • Photo: VIKTOR DRACHEV, AFP
    Во општините Луганск и Донецк по исто сценарио, како во Крим, влегуваат специјални единици на руската армија.
  • Photo: MARKO DJURICA, Reuters
    Русите зафаќаат дел од административните згради и им даваат оружје на локалните криминални организации, кои се финансираат од страна на Москва.
  • Photo: Vk mikaronkainen
    Истовремено во 6 општини на југ и исток на Украина се донесени провокатори од Русија, кои вршат пропаганда и обука на криминалците. Прогласената цел на овие банди е формирање на украинската територија „држава“ со име „Новорусија“.
  • Photo: Sergei Poliakov, AP
    Во Одеса овие сепаратистички нереди завршуваат со трагедија, во која гинат повеќе од 40 сепаратисти и почитувачи на Русија.
  • Photo: Олександр Прилепа УНІАН
    Меѓутоа, во општините Харков, Днепропетровск, Запорожје, Херсон, Николаев и Одеса не дојде до директен настап на руската армија, па сепаратизмот беше брзо победен и неутрализиран – најчесто од страна на самите жители на градовите.
  • Photo: Reuters
    На зафатените територии од страна на руската армија на општините Донецк и Луганск Украинската држава на 13 април 2014 година прогласува Антитерористичка операција.
  • Photo: Reuters
    АТО доаѓа во екстремно лоша ситуација, кога деструктивната дејност на Јанукович и стотици агенти на Москва, а исто така и корумпираните бирократи ја имаа раскрадено и уништено украинската армија. Службениците што остануваат често ги саботираат наредбите.
  • Photo: Maks LEVIN
    Одделни патриотски единици на армијата, спремни за борба, ја локализираа активноста на сепаратистите. Во Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи почнува создавање на доброволни баталјони. Со помош на овие доброволци се подобрува моралното расположение на армијата и се стопира агресијата на бандите.
Aприл
  • Photo: Petro Zadorozhnyy
    Обичните луѓе почнуваат масовно да и помагаат на украинската армија. Преку самоорганизирани задруги на волонтери украинците и обезбедуваат на својата војска доволно облека, опрема, лекови, храна, делови за техника.
  • Photo: Anastasia Sirotkina, Associated Press
    Русија направи јак обид да ја раздели Украина, меѓутоа планот трпи пораз. Не им успева на русите да ги откажат претседателските избори во Украина. Во сите делови на Украина победува Петро Порошенко.
  • Photo: Facebook.com, petroporoshenko
    Гласањето потврдува дека жителите на сите населени места во Украина се обединети околу заедничката желба – да ја градат државата врз европските темелни приоритети.
Mај
  • Photo: Reuters
    Руските обиди да ја ослабат Украина со помош на диверзантските единици и платеници, не ја постигнуваат целта, затоа Русија почнува настап со регуларната армија на територијата на Украина, без прогласување војна.
  • Photo: Reuters
    Рускиот упад провоцира воведување на нови санкции против Москва од страна на цивилизираните држави.
  • Photo: Serhiy Loiko/Facebook
    Раководството на Кремљ со помош на целосната контрола над руските средства за јавно информирање се обидува да го скрие од сопствените државјани почетокот на војната. Меѓутоа, во руските домови почнуваат да стигнуваат дојави за стотици погинати војници.
Јуни
  • Photo: Oleksandr Ratushniak
    На 17 јули 2014 година од територијата, контролирана од страна на руските терористи, го срушуваат патничкиот авион Boeing-777, кој го врши летот МН-17 „Амстердам-Куала-Лумпур“. Погинуваат 298 лица, од кои речиси половина се деца.
  • Photo: Joshua Paul, AP
    Авионот е срушен од зенитно-ракетниот комплекс „Бук-М“, донесен од Русија. Терористите веднаш после срушувањето на авионот ја превзедоа одговорноста, меѓутоа, откако се дознава дека авионот бил патнички, почнуваат да се правдаат, дека не се поврзани со ова злосторство. Русија исто така почнува активно да се откажува од одговорноста за нападот и од тоа, што „Бук-М“и припаѓа на руската армија.
  • Photo: DOMINIQUE FAGET, AFP
    Терористите не и даваат можност на меѓународната истражна група да направи објективно истражување на местото на трагедијата, бидејќи поголемиот дел од таа територија е миниран. Деловите од авионот, до кои имаат пристап, терористите го носат во Русија и го продаваат како отпаден метал.
Jули
  • Photo: Hromadske.tv
    Во реоните на градовите Донецк и Луганск и околните градови, контролирани од терористите, ситуацијата се доближува до хуманитарна катастрофа.
  • Photo: Sergei Karpukhin, Reuters
    Терористите ги зафаќаат и ги раскрадуваат големите продавници, рушат патишта и станбени згради.
  • Photo: Mauricio Lima, NYT
    Фиксирани се злосторства против мирното население – убиства, телесни повреди, силувања, киднапирања и грабежи.
  • Photo: EPA
    Во градовите се појавуваат воени единици на муслиманите од Кавказ, што претставува уште еден доказ за надворешно влијание на конфликтот.
  • Photo: TASS
    Разни групи на терористи војуваат меѓу себе за контрола над териториите. За време на нивните судири се користи тешко оружје, кое носи жртви кај мирните жители. Бегајќи од војната, општините Луганск и Донецк ги напуштаат 514 000
  • Photo: Darko Vojinovic, AP
    Поттикнати од страна на Русија, терористите вршат системско уништување на економијата и инфраструктурата во регионот Донбас (општините Донецк и Луганск).
  • Photo: Maks LEVIN
    Уништени се 960 км патишта, 30 мостови, 4500 станбени згради и приватни куќи.
  • Photo: Marko Djurica, Reuters
    Руската Федерација украде во Украина опрема од десетици фабрики, првенствено од оние што произведуваат оружје. Јагленот, што го вадат во овој регион, исто така незаконски се вози во Русија.
Август
  • Photo: Roman Pilipey, EPA
    Новата украинска власт прави големи напори за да го врати нормалниот живот во регионите, ослободени од терористи. Сите операции за ослободување на населени места се одвиваат максимално точно.
  • Photo: Petro Zadorozhnyy
    На ослободените територии се донесени стотици тони хуманитарна помош. Повторно се отворени градинките и училиштата, на луѓето им се исплаќаат платите и пензиите.
  • Photo: Sergey Kozlov, EPA
    За заштита на луѓето безбедносната служба врши антидиверзантски активности, а армијата гради линии на одбрана, со помош на локалните волонтери.
  • Photo: Maks Levin
    Државјаните од сите градови на Украина ја поддржуваат борбата на државата - од исток до запад илјадници волонтери собираат милиони гривни за украинската армија.
  • Photo: Ukrainian Ministery of DefenSe
    Невиден патриотизам, обединување на државјаните во нација, создавање на нова, навистина народна армија – тоа е одговорот на украинците на руската агресија.
  • Photo: Maks Levin
    Стотици украински војници, кои го дадоа животот во војната за независност, и мирни жители, што станаа жртви на агресорот, како херои ќе влезат во Новата историја на Украина. Новите генерации ќе ја знаат цената на независноста и ќе ја чуваат и бранат.
  • Photo: ROMAN PILIPEY, EPA
    Преродената европска нација на украинците веќе нема на никого да му дозволи да се сомнева во нашето постоење, нашата историја,нашата држава.
  • Photo: Petro Zadorozhnyy
    Украина добива нова армија, слободна од советските остатоци – армија на патриотите, за кои не е битен регион на потекло, јазик или религија на било кој државјанин на Украина.
  • Photo: Ministry of Defense of Ukraine
    Нашата армија ја чекаат коренити реформи во согласност со западните стандарди. Раководството, кое нема практично искуство не е секогаш идеално, меѓутоа, техничките реформи ќе дозволат да ја надминеме руската.
  • Photo: GRABAR VITALIY, LUFA
    Најбитно е, дека украинската армија веќе ја победи руската во нивото на моралот – десетици имиња и приказни на новите украински херои ќе бидат раскажани. За жал, илјади руски војници веќе никогаш нема да имаат можност да се вратат дома и да ја раскажат вистината за оваа бесмислена војна, која ја почна Кремљ. Тие лежат во братските могили без име на територијата на Украина.
  • Photo: Olivier Hoslet Pool, AFP
    Минатата година Украина се здоби со нов Претседател, Влада и Парламент, кои ги превземаат јавните обврски за демократски да ја водат државава по европскиот пат.
  • Photo: Valentyn Ogirenko, REUTERS
    Законот за спречување на корупција го започна процесот на лустрација и чистење на власта. Секој службеник, кој ќе се обиде да ја избегне лустрацијата или ќе продолжи со корупција, ќе биде казнет – украинците веќе не се плашат од власта.
  • Photo: Maks LEVIN
    Новиот Железен ѕид, што го дели демократскиот свет од тоталитарниот, скоро ќе се изгради на источната граница на Украина. И потпишувањето на Спогодбата за Асоцијација со ЕУ – е само прв чекор на тој пат.
  • Photo: SAUL LOEB, REUTERS
    Денешните украинци, како и нивните предци –русичи од Киевската Рус, кои ја бранеа земјата од татаро-монголите, и козаците – слободните војници, што ги запираа татарските инвазии, спремни се да ја заштитат европската цивилизација од Источната Орда.
  • Photo: Ratushniak Oleksandr
    Овој пат – засекогаш.
Есен